ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Хотелите бараат државни субвенции за струја

Дел од хотелите на Охридската ривиера веќе затворија или се подготвуваат тоа да го направат во претстојниот период. Аранжманите на оние кои ќе работат ќе бидат поскапи за околу 40% поради поскапата струја. Од поголемите хотели се жалат дека државата кај нас не им дава субвенционирана струја како што е случајот со останатите стопански гранки.

Advertisements

„…Најавите за затворање се резултат на тоа дека ние сме принудени да работиме без помош во моментот. Сè уште големи хотелите не се во таа категорија и сè уште сме на отворен пазар“, вели Ана Јанчева-менаџерка на хотел.

Од Министерство за економија за Алсат рекоа дека во моментов не се размислува за ваков вид мерки за туристичкиот сектор.

„Со оглед на тоа што најголем дел од хотелите во државата се на регулиран пазар, со тоа имаат повластена цена на електричната енергија“,, велат од Министерството за економија.

Но, од ХОТАМ велат дека големите хотели, кои вработуваат и најголем дел од лицата во туристичкиот сектор, се на отворениот пазар за струја, каде цената варира. На регулираниот биле само помалите капацитети. Затоа хотелиерите бараат и да се применат некои мерки од соседството.

„Да искористиме некои знаења од Грција или Хрватска, каде хотелите шест месеци работат, шест месеци затвораат… Државата да се погрижи за вработените кои во тие шест месеци не би биле на работните места…“, додава Јанчева.

За хотелите повторно претстои тежок период, сличен на пандемијата. Во текот на зимата, помалите хотелите најавија дека ќе работат, додека поголемите или целосно ќе затворат или ќе работат со драстично помал капацитет.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button