ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Хоти: Косово и Србија ќе се договорат само кога меѓусебно ќе се признаат


Алсат
06.09.2020 15:03
Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека утре во Брисел ќе стартуваат преговорите меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање на двете држави. Тој во статусот напишан на Фејсбук истакна дека договор со Србија ќе се постигне единствено кога тој ќе се оконча со меѓусебно признавање.
„Нема да има меѓудоговор или парцијален договор кој не го решава проблемот засекогаш. Ќе има само конечен договор за меѓусебно признавање, кој е систематски и во кој ќе бидат адресирани сите прашања кои треба да се решат меѓу две независни држави“, напиша Хоти.