СПОРТ

Hов светски поредок во тенисот, Синер пред Алкараз и Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ по девет месеци повеќе не е прв на АТП листата. Апослутниот рекордер човекот кој 428 недели во кариерата бил светски број 1, од понеделникот се наоѓа на третото место. Понеделник, 6 јуни е денот кој го донесе новиот светски поредок во тенисот. Претходно беше познато дека Јаник Синер ќе биде 29. број 1 во Опен ерата, а победата на Карлос Алкараз во финалето на Ролан Гарос го искачи шпанецот на второто место.

Ѓоковиќ, кој поради повреда го предаде четвртфиналето на Ролан Гарос, дополнително ќе назадува на АТП листата, бидејќи ќе го пропушти и Вимблдон, каде лани играше во финалето.

Зад Ѓоковиќ на четвртото место на АТП листата е Александар Зверев, а во Топ 10 уште се и Даниил Медведев, Андреј Рубљов, Каспер Руд, Хуберт Хуркач, Алекс де Минор и Григор Димитров. Грчкиот ас Стефанос Циципас испадна од првите десет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button