
Бундеслигата одреди нов термин за натпреварот помеѓу Мајнц и Унион Берлин, пишуваат германските медиуми.
Дуелот меѓу овие два тима требаше да се одигра минатиот петок (18.01), но беше одложен поради тешките временски услови, снежниот терен и ниските температури, кои претставуваа ризик по здравјето на играчите и навивачите. Бундеслигата соопшти дека овој натпревар ќе се одигра на 7. февруари, среда, од 18.30 часот.
Интересно е и тоа што на Унион му претстои уште еден одложен првенствен натпревар кој треба да го одигра наскоро. Натпреварот против Баерн Минхен кој на крајот на минатата година беше одложен поради лошите временски услови и обилните снежни врнежи ќе се одигра оваа среда од 20.30 часот.