СПОРТФУДБАЛ

Hов удар за Јувентус, медиумите открија дека и Алегри се коцкал

Фудбалерите Николо Фаџоли, Сандро Тонали и Николо Заниоло се фатени како се обложуваат на фудбалски и тениски натпревари. Фаџоли ќе добие седуммесечна суспензија откако го призна делото и прифати дека ќе мине низ рехабилитациски период, а истото ги очекува и Тонали и Заниоло, но веројатно со подолга суспензија.

Advertisements

Најновата вест е дека се коцка и Масимилијано Алегри. Тоа е уште еден нов удар за Јувентус. Тој наводно се обложил на натпревари од Серија Б преку пријател кој го уплатил тикетот во негово име. Алегри е фатен и во казино во Монте Карло за време на пандемијата на коронавирус.

„Постојано се коцкаше. Еднаш освоил 30.000 евра, а на човекот му дал 3.000 евра, велејќи дека тоа е за сметката, односно тоа било ливче за обложување. Неговиот пријател го платил ливчето за него. Многу се обложувал на натпревари од Серија Б од казиното“, тврди изворот на Фабрицио Корона, новинарот кој го објави скандалот со нелегално обложување.

На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат, директно или индиректно, на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button