МАКЕДОНИЈА

Храбар чекор Алтернатива да го земе здравството и МЕПСО, смета Фатон Ахмети од ДУИ

Фатон Ахмети од ДУИ во вечерашната емисија „Патот кон“ на Алсат говореше за тоа како оваа партија може да функционира во Владата, заедно со Алтернатива која има сериозни обвинувања против нив.

Advertisements

Ахмети рече дека не очекува проблеми во функционирањето, напоменувајќи дека Алтернатива има заземено две високи позиции, клучни со оглед на состојбата со пандемијата и енергетиката.

„Ние како ДУИ сме на позициите што ги имавме, со мала промена со која повеќе нема да раководиме со Министерството за информатичко општество и администрација, туку истиот наш министер ќе биде префрлен во Министерството за образование. Навистина е храбар избор на Алтернатива да се приклучи на оваа владина коалиција, бидејќи тие ќе влезат и ќе управуваат со многу важен сектор, како што е здравство, каде што имаме ситуација со пандемијата со COVID-19, а тие се исто така директно вклучени во енергетските прашања бидејќи управуваат и со МЕПСО. Не очекувам проблеми во работењето“, рече Ахмети.

Тој порача дека новата влада е стабилна и на земјата не ѝ требаат предвремени избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button