ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Храна ќе има, но ќе биде многу поскапа – беше кажано на форумот на Директорите на агенциите за храна

Недостатокот на основни прехранбени производи, предизвикан од руската инвазија во Украина, принуди многу држави да бараат алтернативни пазари за набавка на храна. Поради ова, зачестени се контролите на храна која влегува во нашата земја, беше истакнато на форумот на Директорите на агенциите за храна и безбедност од регионот, кој се одржува во Охрид.

Advertisements

„Храната ќе ја имаме, меѓутоа можеби ќе се случи, народот да биде гладен, поради високите цени“, рече Николче Бабовски- директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Бабовски уверува дека сѐ што подлежи на контрола ќе биде проверено и испитано.

„Дури и крајниот производ, она масло кое доаѓа на рафтовите и тоа ние имаме можност и право и обврска ни е према граѓаните, да го испитаме. Овие денови, бидејки Велигденските празници се на чекор пред нас, се врши засилен мониторинг на оние места каде што се продава месо. Актуелно е јагнешкото месо, како и продажбата на јајцата, а дел од јајцата се увезуваат. Досега нема никакви отстапувања од правилникот за безбедност на храна“, додава Бабовски.

„Секаде има пораст на цените на храната, но штом се појавува недостаток на храна, се појавуват и нови пазари, од каде тиe производи може да ги набавите. И поради тоа интензивно ги контролиравме сите тие нови пазари, од каде традиционално не сме увезувале прехранбени производи. И со тоа го отстрануваме секој сомнеж дека храната може да биде здравствено небезбедна“, вели Владимир Ѓаковиќ-директор на агенција за храна и ветеринарство на Црна Гора.

,Инаку во пресрет на Велигден и Рамазан Бајрам, има драстичен пораст на цената на јагнешкото месо во маркетите. Од Агенцијата за храна велат дека тоа е резултат на тројното зголемување на цената на храна за животни на светските берзи, но и зголемената побарувачка и пласманот на странски пазари. Досега од Македонија биле извезени повеќе од 140.000 јагниња.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button