Храната повторно поскапува, молк од надлежните
Храната повторно поскапува, молк од надлежните

Летниот пик донесе нов бран поскапувања на храната. Граѓаните речиси секојдневно се изненадени од новите цени на маркетите. Од неделава граѓаните поскапо купуваат различни производи, иако пред еден месец поскапе и основниот производ – лебот за 10%. Во последните месеци се соочуваме со значително зголемување на цените на основните прехранбени производи, особено на храната. Во меѓувреме, граѓаните се обидуваат да се прилагодат на економската реалност, но многумина се прашуваат колку долго ќе издржат доколку цените продолжат да растат.
Од друга страна, трговците велат дека биле принудени да ги зголемат цените бидејќи робата поскапела од добавувачите. Повикуваат на интервенција на државата за да се среди економската криза.
Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека сметката не испаѓа добро ниту за месец јули. Се очекува да се зголеми минималната потрошувачка кошница за четиричлено семејство.
„Го составуваме списокот на прехранбени производи кои овој месец се зголемени и ќе влезат во синдикалната кошничка. Од првичните проценки, покрај прехранбените производи, забележавме и зголемување на угостителските и хотелските услуги“, велат од Сојуз на синдикати на Македонија.
Цените на храната пораснаа трет месец по ред во мај, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Во извештајот на ФАО се наведува дека цените на житариците во јуни се зголемени за 5,8% во однос на мај. Ова беше резултат на порастот на извозните цени на пченицата, што ја одразува зголемената загриженост од намалените приносите во клучните производни области.
Аднан Ќаили