ЗАБАВА

Хроно кекси со ’ржано брашно


Денеска препорачуваме ‘лајт’ исхрана, хроно кекси со ‘ржано брашно.

Состојки:

  • 300гр ржано интегрално брашно
  • 30гр растопен путер
  • 150мл вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 пециво

За премачкување

  • 1 белка
  • малку вода
  • за наросување сусам и ленено семе

Се меси потврдо тесто и се сука тенка кора. Со помош на чаша се вадат кругови, а со помала чаша на средина им се прави дупка.

Се редат на масна хартија во плех се премачкуваат со изматена белка со малку вода и се наросува сусам и ленено семе. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15мин.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button