ВЕСТИРЕГИОН

Хрватска: Над 350 луѓе го бараат исчезнатиот авион кај Слуњ, временските услови не им се сојузник

Малиот спортски авион со четири патници, кој вчера претпладне исчезна од радарите по полетувањето од Сплит, сѐ уште не е пронајден.

Advertisements

„За жал, авионот сè уште не е пронајден, продолжуваме со потрагата, на терен има над 200 луѓе, ХГСС, полиција, војска, ловци… Ја стеснивме областа, но видливоста и можноста да се најде беше многу мала“, изјави утрово за Н1 е првиот човек на Хрватската планинска спасувачка служба Јосип Граниќ.

Тие се наоѓаат на неколку километри од Слуњ, во селото Броќанац и се фокусирани на државниот пат Д1 и областа западно од него.

„Тука почнуваат првите ридови од овде до Велебит, теренот тешко се движи, дополнителен проблем е дожд, магла, се е влажно, лизгаво, меко, тешко за луѓе и автомобили, теренот дефинитивно не е добар за нас. Беспилотните летала ноќеска летаа до 3:30-4 часот наутро, имаше магла и ништо не се гледаше, ниту термалните камери можеа да снимат нешто“, изјави началникот на ХГСС.

Хеликоптерот не полетал бидејќи временските услови биле лоши велат од Службата и изразуваат надеж на подобро време во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button