
Откако Марко Ливаја се откажа од националниот тим и објави дека во иднина нема да настапува за него, селекторот на Хрватска, Далиќ остана и без петтиот стрелец во историјата на оваа репрезентација Андреј Крамариќ.
Фудбалерот на Хофенхајм дошол на собирот на тимот, но вчера ја напуштил Хрватска и се вратил во клубот бидејќи има повреда на мускул.
Крамариќ досега има 26 гола на 87 натпревари, во 2023 година четири пати ги тресеше противничките мрежи, а три од нив се постигнати во квалификациите за Европското првенство. Пред него на вечната листа на стрелците се само Едуардо да Силва со 29, Перишиќ и Манџукиќ со по 33 и Шукер со 45.
Хрватска в четврток ја пречекува Турција, а в недела гостува во Велс. Разликата меѓу првите четири репрезентации на табелата изнесува само три бода, но „коцкестите“ имаат еден натпревар помалку во однос на ривалите.