ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Хрватски менаџери „на ангро“ собираат туристички работници од Македонија

Пред самиот старт на туристичката сезона, хрватските менаџери и сопственици на ресторани на големо бараат и со себе си носат работна сила од Македонија. Во меѓувреме домашните угостители не успеваат да го задржат поголемиот дел од квалификуваниот кадар. За најмалку три пати повисоки плати отколку во Македонија, заминуваат да работат на хрватското приморје.

Advertisements

„Во моментот се не знам колку менаџери од Хрватска дојдени во Македонија. Буквално ќе ги повлечат сите оние кои се како студенти, оние кои имаат постојана работа тука. Влегуваат од ресторан во ресторан, од кафич во кафич, ги анализираат луѓето. Некој кој им се допаѓа, седнуваат и разговараат со него и прават договор со него. Апсолутно сè ќе повлечат“, рече Ангела Пасквал-професорка на факултет за туризам.

Заминуваат дури и цели фамилии.

„…И овде буквално ќе нема да имаме работна сила. Ќе останат средношколци кои нема да можат да послужат бифтек… Ќе паднеме на најниско ниво на туризам кој постои“, додава Пасквал.

Работата на хрватското приморје трае шест месеци, од април до октомври. Во меѓувреме кај нас, за разлика од порано, сега има многу работа, но нема работници. Платите се ниски, а условите не се најдобри.

„Охрид има потенцијал да биде најдобар туристички центар во регионот и покрај тоа што не излегуваме на море, но многу работи се погрешени и од економски и од еколошки и од туристички аспект…“, вели Катерина Василеска-туристички водич.

Според туристичките работници, ако се размислува потрезвено, тогаш мора да се почне со увоз на работници од странство. Но, дури и ним угостителите мора да почнат да им даваат повисоки плати од оние кои сега ги нудат на домашните работници. Или да се примени модел на летни и зимски плати, каде летните би биле повисоки и би ги достигнале хрватските.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button