ВЕСТИРЕГИОН

Хрватскиот Парламент в четврток ќе расправа за импичмент на Пленковиќ

Хрватскиот Парламент в четврток ќе расправа за импичмент на премиерот Андреј Пленковиќ, првпат откако тој ја презеде функцијата во октомври 2016 година.

Advertisements

Импичмент на премиерот побараа 33 пратеници на опозицијата, а иницијативата ја покрена Татковинско движење (Домовински покрет) кое во соработка со другите пратеници на опозицијата ги собра потребните потписи за предлогот да се најде во собраниска процедура.

Опозицијата наведува дека има бројни причини за импичмент на премиерот – од аферата Јанаф, над милијарда куни извлечени од ИНА и затворањето на рафинеријата во Сисак, немање реформи во здравството, до аферата СМС.

Власта ги отфрла како неосновани сите наводи во предлозите на опозицијата и посочува дека нема основа за гласање недоверба на премиерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button