ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хрватскиот премиер Пленковиќ доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, утрово треба да пристигне во официјална посета на Северна Македонија каде што со највисоки државни и воени почести се очекува да го пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

Предвидено е двајцата премиери првично да имаат тет-а-тет средба, а потоа и да се одржи состанок помеѓу двете делегации.

Во составот на македонската делегација на средбата ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button