Патот Групчин – Желино требаше да се заврши за две недели, ама поминаа 7 месеци!

Иако како проект започна пред 7 месеци, патот што го поврзува селото Групчин со Желино и натаму не е асфалтиран. На ова денеска реагираа форумот на млади на Алијансата на Албанците и Алтернатива кои наведоа дека поради доцнењето, локалните жители мора да го користат автопатот и да плаќаат патарина.
Што се однесува до реконструкцијата на улицата Карпалак – Желино, тоа започна на 4 септември минатата година и поминаа скоро седум месеци. Реконструкцијата на улицата Групчин – Желино сè уште е во мизерна состојба. И покрај бројните изјави на општина Желино дека не можеле да работат поради климатските услови, вистината е дека тука ништо не се сменило дури и после второто ветување дека патот ќе биде завршен во јануари оваа година – изјави Фатиме Шерифи, Младински форум АА-ААА.
Актуелниот градоначалник на Желино, Блерим Сејдиу, одговори дека патот ќе биде завршен за два месеца.
Од понеделник, работите на тој пат ќе продолжат и во рок од два месеци тој ќе биде завршен и конечно ќе биде пат со сите стандарди што требаше да ги има овие 35 години – рече Блерим Сејдиу, Градоначалник на општина Желино.
Во времето кога почнаа работите градоначалникот рече дека ќе завршат за две недели. Регионалниот пат е од особено значење за Желино и Сарај бидејќи ги поврзува сите населени места од овие две општини.
Башким Сулејмани