ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во кафуле во скопски Бутел пукано кон општински советник

Околу 19 часот едно лице пукало со огнено оружје, односно со пиштол во кафуле во скопската населба Бутел, а неофицијално дознаваме дека цел на нападот биле општински советник и едно друго лице. Според нашите информации, станува збор за инцидент во кафулето Султан, каде советникот на масата седел со уште едно лице. . Според информациите, станува збор за расчистување на финансиски сметки. Лицето коишто било на масата, како што дознава Алсат, било блиско со контроверзниот Турчин Седат Пекер, кој пред околу еден месец беше протеран од Македонија. Имено, нашите извори наведуваат дека станува збор за караница во чија позадина се кријат трговија со дрога и фалсификувани пари со кои таа била купена. Полицијата го истражува настанот.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button