Хуманитарна акција на Црвен крст Тетово под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“

Oпштинската организација на Црвен крст Тетово ги повикува тетовци да учестуваат во хуманитарната акција под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“. Донации во храна, средства за хигиена, облека, обувки, играчки ќе може да се оставаат во објектот на Црвен крст во Тетово од денеска па се до петок, 22 април.
-Оваа хуманитарна акција е со цел да се подигне свеста на населението за меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливo население, односно социјално загрозени лица. Ова е активност за обезбедување донации во храна, средства за хигиена, облека, обувки, играчки, кои ќе бидат наменети за помош на социјално загрозени лица и семејства, информира Шкљќим Мурати, секретар во организацијата.
Донациите може да се оставаат во работните денови оваа недела во периодот од 9 до 15 часот во објектот на Црвен крст Тетово на улица „Борче Кочовски“.