Хуманитарна помош пристигна во Газа по 4 месеци

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека успеала да достави девет камиони со основни медицински материјали во Газа, што е прва таква пратка од почетокот на март.
Помошта, која пристигна во Газа во среда, вклучуваше 2.000 единици крв и 1.500 единици плазма, се вели во соопштението.
Порано оваа недела, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека се очекува целото население на енклавата да се соочи со високо ниво на акутна несигурност во храната, при што речиси 500.000 луѓе се особено изложени на ризик.
ОСНА во четвртокот изјави дека „од суштинско значење е да се внесат повеќе хуманитарни и основни комерцијални добра во Газа и да се олесни нивната безбедна дистрибуција низ целиот Појас“ за да се спречи грабеж. ОСНА додаде дека израелските власти категорично отфрлиле шест од 17 обиди за координирање на хуманитарните движења во Газа.