ТВ АЛСАТФУДБАЛ

Хумелс, ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок

Искусниот ветеран и член на италијанската Рома, Матc Хумелс, ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок и за него оваа етапа ќе заврши после само шест месеци.

Advertisements

Летово Хумелс одби многу клубови од другите континенти за да остане да игра на високо ниво во Европа, но неговиот премин во Рома се покажа како голема грешка и тој досега одигра само еден натпревар на кој дури си постигна и несреќен авто-гол.

Ситуацијата е јасна, дефанзивецот ќе бара нова средина, а како следна дестинација се споменуваат неколку клубови од Азија и од Соединетите Американски Држави. 35-годишниот Хумелс целата кариера ја мина во Германија, каде играше за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, а за својата репрезентација настапи на 78 натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button