ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И Антикорупциска реагира за брзото носење на законските измени за автопатите

Државната антикорупциска комисија бара да се преиспита најавата за усвојување на предложените закони по скратена постапка кои се однесуваат на коридорите. Според Антикорупциска, ваквата практика е во спротивност со основните постулати на владеењето на правото, ги зголемува можностите за корупција и не остава простор за јавна дебата, а уште помалку можност за експертско мислење. Антикорупциска потсетува дека со понудените законски решенија се повредуваат правата на работниците, правото на сопственост, а се нанесува штета и врз животната средина.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button