
Секој цвет има свое значење, а освен тоа и бојата на цветовите носи симболичка порака. Најподаруван цвет на светот е розата кој е симбол на љубов и благодарност. Одредена боја на розата пренесува различна порака до онаа личност на која и подаруваме роза.
Црвена роза
Црвената боја е позната како боја на љубовта. Рози со црвена боја се симбол на љубов и романтика, симболизираат убавина и совршенство.
Бела роза
Позната како невестинска роза, белата е традиционална роза на свадбите во многу култури. Оваа роза претставува единство, доблест и чистина на нова љубов. Белите рози се поврзуваат и со чест и сеќавање, особено на блиска сакана личност.
Жолта роза
Низ историјата жолтата боја е тесно поврзана со сонцето, правејќи ги овие рози одлични за расположување на луѓето. Жолтите рози испраќаат порака на платонска љубов без романтични намери. Бојата исто така претставува чувства на радост и задоволство.
Розова роза
Розовата боја ја има конотацијата на елеганција и нежност. Темно розовите рози се симбол на благодарност и почит и традиционален начин за заблагодарување. Светло розовите рози се поврзуваат со нежност и восхит, а може да се употребат за да се изрази симпатија. Одличнен подарок се за новите мајки.
Портокалова роза
Портокаловата роза се гледа како мост помеѓу пријателството изразено со жолтата и љубовта изразена со црвената роза. Можат да бидат изразување на фасцинација или пак гордост.