И денеска кавги во собраниската Комисија за платите на наставниците

Предлог-законот за наставници ги продлабочи разликите меѓу власта и опозицијата. Во Комисијата за образование опозицијата и денеска го оневозможи разгледувањето на предлогот.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека власта преку ова законско решение се спрема за партизација на основното и средното образование, додавајќи дека со укинувањето на контролните механизми, се намалува квалитетот на образованието.
СДСМ ја обвинува опозицијата дека делува спротивно на интересите на наставниците за раст на платите во основното и средното образование.
Предлог-законот за наставници и стручни соработници предвидува и нивно вработување на неопределено време. Со измените во законот што ги предложи Владата, се очекува 27 илјади наставници да земаат повисоки плати, а 4.700 наставници да добијат постојан работен однос.
Адријан Керими