И денеска сончево и многу топло, попладне со услови за пороен дожд и грмежи

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинските региони ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се двиѓи во интервал од 13 до 23 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, како што информираа од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 21 Целзиусов степен, а максималната ќе достигне 38 степени.