ВЕСТИЕКОНОМИЈА

И годинава, најголем дел од охридските плажи без спасувачи

И годинава, најголем дел од охридските плажи без спасувачи

Голем дел од плажите покрај Охридското езеро и ова лето ќе останат без спасители на вода.Многу од нив се неуредени, бидејки со нив никој не управува, кај останатите плажи, концесионерите повторно ќе ја заобиколат нивната законска обврска да ангажираат спасители. Онаму каде ќе има спасувачи, тие ќе бидат ангажирани од 1 јули.

„Ситуацијата е жалосна во однос на неуредени капалишта, во однос на смет и во однос на луѓето кои претежно млади, кои недолично се однесуваат на самите капалиште.Немаме уредени капалишта, каде можат да се обезбедат сите безбедни услови за капење, спорт и рекреација.Од обележување на капалиштата, набљудувачници, места и пунктови за укажување на прва помош“, рече Сашо Точков-претседател на Црвен крст-Охрид.

Од Црвен крст имаат патроли од спасувачи и медицински тимови, кои во одреден период од денот прават обиколка на плажите.

„Минатата година имавме ангажирано дваесеттина спасители на 15 капалишта. И оваа бројка мислам дека ќе е истата.На Охридското крајбрежје има повеќе од 34 капалишта“, додаде тој.

Градоначалникот на Охрид Пецаков, вели дека за дополнителни вложувања во уредување на плажите треба да се донесе Планот за управување со Охридскиот регион.

„Плажите се оние кои ги издадовме како општина, тие се уредени. Има каде да се седне,ако некој сака да се напие нешто, има и тоалети. Меѓутоа за дополнителни вложувања и добивање на нешто кое би наликувало на нешто кое е помодерно, или да имаат можност да инвестират, е потребно донесување на Планот со управување со Охридското крајбрежје. Не е донесен и затоа неможе на поинаков начин да се издаваат плажите“, изјави Кирил Пецаков- градоначалчник на Охрид.

Оваа туристичката сезона веќе имаше еден случај на давеник, кој заврши фатално. Минатото лето имаше 14 интервенции на извлечени давеници од Охридското Езеро, а 840 интервенции на укажување на прва помош.Во Струга имало десеттина најразлични интервенции./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button