ВЕСТИРЕГИОН

И Хрватска урива рекорди по дневниот број на заразени – над 11 илјади нови случаи во изминатите 24 часа

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 11 343 новозаразени лица, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.

Advertisements

Ова е бројот на позитивни случаи потврдени со ПЦР-тестови, така што тој број сигурно ќе се зголеми кога ќе се додаде и бројот на луѓе чија инфекција е потврдена со брзи антигенски тестови.

Претходниот црн рекорд беше поставен вчера, кога беа регистрирани 10 427 нови случаи на заразени.

Пред една недела во Хрватска имаше 9 157 нови случаи на зараза, додека пред две недели 9 058 нови заразени во еден ден, пренесува „Јутарњи лист“.

Пред два дена Србија регистрира неславен рекорд во бројот на дневнозаразени, со над 18 илјади случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button