ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И наредната година ќе продолжи опозициската блокада на Собранието

И наредната година ќе продолжи опозициската блокада на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ и по Нова Година ќе продолжи со активна блокада на Собранието. Од оваа партија велат дека ќе поддржат само добри иницијативи кои се во интерес на граѓаните.

Advertisements

 СДСМ оценува дека целта на опозицијата е да се радикализираат состојбите во Собранието, а не да се подобри содржината на законите.

Активната блокада ВМРО-ДПМНЕ ја почна на 10 мај, како мерка за принудување на власта да прифати предвремени парламентарни избори. Тие блокираа важни иницијативи со поднесување многу амандмани, а некои други со избегнување на кворум за пленарните и комисиите. Сепак, ВМРО поддржа одредени иницијативи кои вклучуваа директна помош за различни категории граѓани, а во некои случаи создадоа кворум за да може да почнат значајни седници./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button