ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И одговорноста на членовите на Судски, законски ќе се регулира

И одговорноста на членовите на Судски, законски ќе се регулира

Претставници на Министерството за правда, судството, експертите и граѓанскиот сектор денеска ја одржаа првата расправа за измената и комплетирањето на Законот за судски совет. Со ова практично почна најавената реформа во ова независно судско тело кое во последниот период беше цел на критики за партизираност и политички влијанија.

Advertisements

Дитер Шиндлауер, инаку предводник на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, ја потврди поддршката на Европската Унија за реформите во судскиот совет, за што препораки претходно даде и Оценувачката мисија.

„Предизвиците со кои се соочува Судскиот совет произлегуваат од акумулираната нехармонија на законската рамка, но и несоодветните практики на минатите состави на Судскиот совет. Ова е начин да се покаже дека не само што ќе се обезбедат законски измени на правната рамка, туку и дека тие ќе бидат добро имплементирани во пракса“, рече Дитер Шиндлауер, водач на проектот „Поддршка на ЕУ за владеењето на правото“.

Академик Владо Камбоски ја истакна потребата од вклучување во законот на одговорноста на членовите на Судскиот совет.

Работната група има неколку предлози. Предвидена е промена на правилата за избор на членови на Советот од редот на судиите. Но и да се постави минималниот праг на учество. За процесот да биде успешен, треба да учествуваат најмалку 50% од регистрираните гласачи, додека за да биде избран за член, кандидатот треба да добие повеќе од половина од гласовите. Досега тоа не беше случај бидејќи кандидатите можеа да бидат избрани за членови на Судскиот совет и со само еден глас.
Предвидена е и конкретна постапка за разрешување на претседателот на Судскиот совет. Ова се предлага по инцидентот со разрешувањето на претседателката Весна Дамева и кризата што се создаде во Судскиот совет. Дополнително, дадени се дефиниции во однос на постапувањето по дисциплинските постапки.

Покрај оваа дебата се очекува да се организираат уште три други. Расправите доаѓаат во време кога идејата и ветувањето на премиерот Христијан Мицкоски за целосно распуштање на Судскиот совет не наиде на поддршка од Европската Унија и експертите, бидејќи тоа беше оценето како директна интервенција на извршната власт во судството./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button