ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И по две години од договорот, нема едношалтерски систем со Албанија

И по две години од договорот, нема едношалтерски систем со Албанија

Најавите на македонските власти дека ќе се воспостави „ONE STOP SHOP“, на граничниот премин Ќафасан со Албанија, останаа само ветување. Пред две години, премиерите на двете држави Еди Рама и тогашниот македонски премиер, Зоран Заев потпишаа договор за One stop shop, што требаше да ја поедностави процедурата за преминување на гранцата со застанување на само една точка, но на терен нема се уште ништо. Новиот директор на Царинската управа на Македонија, Стефан Богоев по средбата со неговиот албански колега рече дека процесот бил во завршна фаза.

Advertisements

„Процесот не е заглавен.Процесот цело време тече.Меѓутоа за да дојде до конкретно нешто на терен претходно треба да се завршат формални постапки бидејки се работи за договори и протоколи помеѓу две држави.Кога е нешто помеѓу две држави бара ратификации, усвојување, усогласување на двете страни од границата. Во изминатиот период не е дека не се правело ништо, се правело многу, меѓутоа се правел оној дел кој јавноста не го гледа“, изјави Стефан Богоев-директор на Царинска управа на Македонија.

„Посебно задоволство е да се биде со мојот колега Стефан, тука сме за еден многу важен проект за едношалтерски систем, кој ќе го подобри животот и бизнисот не само во Северна Македонија и Албанија, туку и во регионот. Овде сме денес да најдеме решенија и да го спроведеме овој многу важен проект кој ќе просперира и ќе го развие бизнисот во Албанија и Северна Македонија“, кажа Генти Гажели директор на Царинска управа на Албанија.

Двајцата директори ветуваат дека летово ќе има поинтензивни активности, но без да прецизираат краен рок за исполнување на ова ветување. Богоев рече дека во моментот во Царинска управа се разгледувале проекти за проширување на преминот со нови сообраќајни ленти и негово автоматизирање.

Богоев рече дека во моментот во Царинска управа во поготовка биле проекти за зголемување на бројот на сообраќајни ленти и автоматизација на граничниот премин. Ако ова се реализира, ќе донесе олеснување на трговијата и транспортот меѓу двете земји, како и побрз проток на патници.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button