ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И покрај бројните реакции во јавноста за именувањето на Богојески за прв човек на програмата „Еразмус“, министерката за образование не гледа причина за негово разрешување

И покрај бројните реакции во јавноста за именувањето на Богојески за прв човек на програмата „Еразмус“, министерката за образование не гледа причина за негово разрешување

Министерката за образование Весна Јаневска не планира да го разреши Петар Богојески од функцијата директор на Националната агенција за европски политики за образование и мобилност Еразмус и покрај бројните реакции во јавноста. Таа вели дека неговата работа ќе се следи со поголем фокус.

Advertisements

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, рече дека процесот за именување на Богојески требало да биде повнимателен. Тој подвлече дека ја дели истата загриженост како и јавноста, а истите се пренесени и до Владата, но останува да се види што ќе се случи.

„Како министер за европски прашања немаме надлежност врз таа Агенција, ниту во нејзиното раководење, ниту во однос на назначувањето на директорот. Ова прашање, колку што знам, е во надлежност на Министерството за образование. Ја делам загриженоста со јавноста, мислам дека можеби процесот на именување требаше да биде повнимателен, но не се гледам себеси одговорен да коментирам нешто за кое не сум надлежен. Како и да е, вчерашните реакции на јавноста ги пренесовме до Владата, разговаравме за нив, но останува да видиме како понатаму ќе се одвива“, рече Орхан Муртезани, министер за европски прашања.

Од СДСМ велат дека назначувањето на Богојески е скандалозно и неприфатливо. Според социјалдемократите, тој има документирана историја на навредливо и дискриминаторско однесување и говор на омраза.

„Неговите коментари се понижувачки, сексистички, дискриминаторски, албанофобни, расистички, што е неприфатливо за кој било носител на функцијата“, велат од СДСМ.

Петар Богојески е познат по објавите со говор на омраза, контроверзна и вулгарна содржина на социјалните мрежи. Истото лице се соочи и со кривични пријави за говор на омраза кон Албанците, со публикации и навредливи анализи за историјата на Албанците и нивните интелектуални способности. За ставовите на Богојески во изминатиот период известуваше и Алсат. Некои од неговите објави на социјалните мрежи се говор на омраза, што е казниво дело според Кривичниот законик.

• Албанец може само… за ништо друго не е способен.
• Македонската култура е толку супериорна што дури и Албанците сакаат да бидат Македонци.
• Се разбира, животните на Енвер Хоџа не разбираат поинаку.
• Албанците директно го уништуваат НАТО.
• Насилна албанизација на централна Македонија во соработка со македонски слуги.
• Албанскиот етнички шовинизам е изграден врз лажен мит за некакво автохтоно илирско потекло на Албанците и некаква победа во 2001 година.
• Албанскиот етнички шовинизам ги премина сите граници, директно загрозувајќи ја европската иднина и стабилноста на НАТО.
На врвот на стравот и неизвесноста по исчезнувањето на 15-годишната Вања Ѓорѓиевска, Богоевски алудираше дека била киднапирана од луѓе од Косово, давајќи му на настанот етничка конотација./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button