И покрај најавената посета на Фон дер Лајен, во овој мандат нема да има уставни измени, оценуваат експертите

Најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, познавачите ја сметаат за обид за уште еден меѓународен притисок за усвојување на уставните измени. Посетата е најавена за крајот на месецот, но се очекува агендата на средбите и точниот датум да бидат потврдени од Владата и од Европската комисија.
Според Синиша Пекевски, нема веројатност за усвојување на уставните амандмани.
Премиерот Димитар Ковачевски ја потврди посетата на Фон Дер Лајен но рече дека останува да се потврди агендата. Лидерот на опозицијата Мицкоски рече дека нема информации дали претседателката на Европската комисија планира да се сретне и со него, но ако имаат средба ќе ги каже позициите на ВМРО ДПМНЕ. Во август во земјава престојуваше и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, исто така во рамките на меѓународната кампања за деблокирање на интегративниот процес за земјата.
Фатлуме Дервиши