СВЕТ

И покрај пандемијата Северна Кореја се подготвува за воена парада

Викендов во Северна Кореа најверојатно ќе се одржи воена парада по повод 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници.

Advertisements

Се очекува на настанот да биде претставено стратешко оружје на режимот во Пјонгјанг.

„Постои можност Северна Кореја да претстави ново стратешко оружје, како што е интерконтинентална балистичка ракета или подморница балистичка ракета“, рече јужнокорејскиот министер за обединување Ли Јинг Јунг, додавајќи дека тоа може да биде демонстрација ‘со помал интензитет’ “, пренесува Ројтерс.

Државните медиуми објавија дека луѓето со заштитни маски на лицето се собрале на плоштадот Пјонгјанг во пресрет на големата воена парада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button