И покрај ширењето на делта сојот на корона вирусот, здравствените власти велат дека нема да има нови ограничувачки мерки

Скопје и Тетово се градови најпогодени од сојот „делта“ на корона вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче за АЛСАТ потврди дека нема да има нови ограничувачки мерки за да се спречи поголемо ширење на вирусот, како што се случува во земјите од регионот, но и во светот. Но, за разлика од властите, некои експерти сметаат дека наметнувањето мерки е нешто потребно, но задоцнето. Микробиологот Никола Пановски смета дека требало да бидат воведени мерки против ширењето на сојот „Делта“, пред да се регистрира првиот случај во земјава со оваа мутација.
Локалните власти во Тетово велат дека во последните две недели регистрирале повеќе случаи, кои се јавуваат како резултат на свадби во затворени простории.
„Во овој период, главно минатата недела, последните десет дена, имаме неочекувано зголемување на нови случаи на зарази со Ковид 19, за кои индиректно може да се каже дека доаѓаат како резултат на овие собири или семејни забави во голем број без контрола. Апелирам до сите граѓани кои учествуваат на овие семејни собири. Оние кои се сомневаат во себе дека имаат какви било симптоми дека се заразени, да не одат на овие собири затоа што индиректно инфицираат други луѓе, и доаѓаме до овие резултати за кои не сакаме да ги имаме повторно “.
Во последните 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на Ковид 19 во земјава. Шест пациенти се излекувани, додека нема регистрирани жртви. Вкупно има 310 активни случаи низ целата земја.
Vjollca Aliti