И покрај сите судски предмети, Мерко останува на градоначалничката позиција
И покрај сите судски предмети, Мерко останува на градоначалничката позиција

И покрај бројните судски предмети кои во моментот се водат против него, Рамиз Мерко, и понатаму седи во градоначалничката фотеља во Општина Струга. Ниту црната листа на САД, на која се најде пред речиси две години, не беше довочна причина за него да понесе морала одговорност и да се повлече од функцијата. Стружани велат дека Мерко одамна требал да го направи тоа. Но имаше и такви, кои велат дека Мерко треба да го истера цел мандат.
„Ако се јас прашувам тогаш би се откажал.Струга не е некој голем град, ние сите се познаваме. Тој е и на црната листа на САД,сите тие се елементи кои укажуваат на тоа дека самиот треба да се повлечи, не треба некој да му нареди.Одлуката е негова, но постапките пред судот треба завршат, кој знае каква одлука ќе донесе судот, тој е независен“, рече еден граѓанин.
„Не, не треба да седи во Општина, поради тоа што е на црна листа, има разни судски процеси и затоа не треба да седи на фотеља.Властите треба да го осудат и да го тргнат.Законите се криви,затоа што требаше веднаш во истиот момент, кога го ставија на црна листа да го тргнат“, додаде друг граѓанин.
„Јас мислам дека не пречи,уште да ја води Општина Струга, ако го сакаат граѓаните. Но со десет судски процеси и на црна листа? Тоа е друга работа. За тоа се водат судски процеси Сам нека одговара“, нагласи еден граѓанин.
„Сметате ли дека тој и понатаму треба да ја извршува градоначалничката функција во вакви околности? Не, не.Се знае дека се водат судски процеси.Јас не сум судија.Требаше да се повлече, но што стана незнам“, изјави еден граѓанин.
„Пред се работи за морал кај човекот.Штом е на црна листа треба да си одат сите, но кај нас моралот кај луѓето знаете каков е.На човек во едно село кога ќе почнат да му викат треба да си оди“, рече еден граѓанин.
„Додека не го осудат нека ја води општината, ако е вистина.Морална одговорност за да си понесе одговорност не е будала“, рече еден граѓанин.
„Не треба толку да се пусти, да се кради општината.Но времето е сега такво, кој ќе стави во џеб ќе стави, тоа е“, нагласи еден граѓанин.
Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко на обвинителна клупа треба да седне на почетокот на март.Закажани се неколку судски рочишта за неколку предмети за 5,6 и 7 март. Тој на градоначалничкото место во Струга е веќе четврти мандат.
Против Мерко во моментот се активни девет судски процеси.За незаконско поставување директори во неколку основни училишта, за злоупотреба на службената положба и овластувања, за набавката на луксузното ауди А‚ и уште три други возила, во време кога Општина Струга била со блокирана жиро сметка./Алсат.мк
Мики Трајковски