
Граѓаните и годинава не се двоумеле да заминат на летување. И покрај економската криза и годинава многумина заштедиле за на море. Најчесто се бирале околните држави, а за цените велат дека биле горе-долу слични на нашите. За разлика од друг пат, скратиле на бројот на денови. Поради навиката да патуваат во текот на летото, успеале да трнат пари на страна.
Деновите за одмор им биле генерално скромни затоа што и есента носи трошоци. Сепак, кога е патувањето во прашање многумина велат дека топлото време и овој месец го користат за викенд-излети во локалните туристички места.
Најмногу влегувања и излегувања од државата биле забележани во јули и август. Граѓаните од земјава заминувале во странство, додека иселениците доаѓале во Македонија. Од соседството летово голем туристички бум се случи во Албанија, каде и голем број наши граѓани заминаа на море.
Аднан Ќаили