И покрај трагедијата во Кочани со 62 жртви и другите вооружени инциденти, претседателката Силјановска не е убедена дека треба да свика седница на Советот за безбедност
И покрај трагедијата во Кочани со 62 жртви и другите вооружени инциденти, претседателката Силјановска не е убедена дека треба да свика седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Силјановска Давкова не гледа потреба да го свика Советот за безбедност за да се дискутира за безбедносната состојба во земјата, иако од минатата година досега има трагедии и инциденти, а кулминацијата беше во Кочани каде загинаа 62 лица. Причината што не го свикува Советот за безбедност, според Силјановска, е да не се врши притисок врз органите на прогон.
Иако и самата претседателка претходно ја критикуваше работата на Обвинителството пред случајот во Кочани, сега Силјановска вели дека обвинителот не треба да се разрешува, туку дека треба да му се овозможи на Обвинителството да си ја врши својата работа.
Само во последниот период, во Македонија се случија низа инциденти. На 25 април беше убиен 31-годишен маж во Дуќанџик, на 27 април загина 16-годишен мотоциклист во несреќа. Исто така, имаше и случајни апсења при полициски контроли, при што граѓани и возачи беа фатени со дрога и оружје./Aлсат.мк
Зекирија Хаџиу