ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

И покрај тврдењата за уништување – 20.000 вакцини не завршија во Дрисла

Сè уште не се уништени 20.000 вакцини против КОВИД. Барем не во правните постапки за правилно уништување на лековите како медицински отпад. Она што го кажа самиот министер Венко Филипче го демантираа двете надлежни институции. Директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“, Коста Начевски во телефонски разговор рече дека досега на депонијата не е донесена вакцина против КОВИД за депонирање.

Advertisements

Според законската процедура, во печката на депонијата „Дрисла“ требаше да се запалат 20 илјади вакцини со изминат рок, или вакцини за кои не почитувале протоколите за безбеден транспорт. Првиот човек на Агенцијата за лекови „Малмед“ Лирим Шабани рече дека не добиле барање за уништување од Министерството за здравство.

„Неколку пати сме увезувале од многу земји и многу производители, сите ги следеле процедурите да се пуштат во употреба и согласно она што не ги исполнуваат условите дали рокот на траење или несоодветното складирање или било каков проблем при транспорт се оставаат настрана и се праќаат на уништување“, рече Лирим Шабани, директор на Агенцијата за лекови „Малмед“.

Во моментов има над 250 илјади дози резервни вакцини од производителот Фајзер & БиоНтек, кои имаат рок до јануари/февруари 2022 година. Министерот Филипче рече дека и покрај процедурите, граѓаните не треба да се грижат за квалитетот на вакцините.

„Околу 20.000 вакцини се уништени, кои се дојдени од Бугарија, тие што не се употребени. Овој процес чинеше 200 денари“, тврдеше министерот Филипче.

Пред истек на рок се уште 25.000 Астра& Зенека, кои до крајот на месецот според динамиката на заинтересираните за вакцинација и тие ќе одат во отпад. Во меѓувреме, интересот на граѓаните за имунизација и понатаму е слаб.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button