И покрај забраната, работници работеа на отворено на високите температури

Во следните четири дена Северна Македонија, ќе се соочи со големи горештини и температури до 42 Целзиусови степени. Земјата е во портокалова фаза.
Поради високите температури, Министерството за здравство препорача најранливите групи како трудниците, и хронично болните да се ослободат од работните обврски. Во установите за згрижување деца, не треба да се практикува физичка активност надвор, во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа да им пружаат помош на стари, изнемоштени и бездомници. Од Трудовиот инспекторат апелираат работодавачите да ги почитуваат препораките, во спротивно ќе се соочат со мерки за стопирање на вршењето на дејноста.
И покрај препораките, на многу градилишта работниците продолжија да работат и во периодот кога се препорачува да не се работи.
Мелихате Рустеми