ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
И покрај заминувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт, ДУИ оценува дека ќе дејствуват со целосен состав
И покрај заминувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт, ДУИ оценува дека ќе дејствуват со целосен состав

И покрај заминувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт, ДУИ оценува дека пратеничката група ќе продолжи да дејствува како опозиција и со целосен состав. Од таму велат дека првиот човек на ДУИ во својата изјава јасно ставил до знаење дека ќе дејствува како опозиција и дека ќе има редовни консултации со Али Ахмети.
„Имам впечаток дека пратеничката група како таква сè уште е опозициска група и е функционална во полн состав. Мислам дека за Европскиот фронт се повикани и се одговорни за тоа што го велат самите пратеници но и лидерите на европскиот фронт. Не актерите надвор од Европскиот фронт„, рече Арта Билали Зендели, Европски фронт./Алсат.мк
Ајнур Бафќари