ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запрен скринингот за ковид19 во некои училишта

Многу родители и натаму одбиваат скрининг на нивните деца во многу основни училишта, велат наставниците кои добиле писмени изјави од родителите. Слична ситуација имаше и во основното училиште „Скендербег“ во Арачиново.

Advertisements

„Вкупно 28 ученици има класот 3/5. Само еден ученик се најде на списокот за тестирање. Родителот со изјава не прифати, напишал дека не прифаќа нејзиното дете да биде тестирано. Тие подобро ги знаат причините од нас.“

Наставничката Флориме Лесковица апелира до родителите да се согласат за скрининг во училиштата. Според неа, зголемувањето на бројот на заразени го загрозува нивното здравје.

„Не знам зошто учениците не го прифаќаат тестот за КОВИД, но според мене тоа треба да се направи бидејќи и ние сме во ризик, не знаеме со кој ученик контактираме. Имаме контакт со многу мал број родители. Не треба, со краток одговор велат дека не е потребно, деца се“.

Здравствените власти соопштија дека скринингот се очекува да биде завршен следната недела.

Проверката дали е присутен Ковид 19 меѓу учениците е спроведена во повеќето основни и средни училишта. Според последните податоци, тестирани се над пет илјади ученици, од кои 15 се позитивни.

Melihate Rustemi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button