ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И политичките субјекти во земјава најостро го осудија рускиот напад врз Украина

Осуда за рускиот напад на Украина денеска дојде и од политичките партии во земјава.

Advertisements

„Разбирливо е дека цивилизираниот свет ќе мора внимателно да реагира секогаш кога во име на зачувување на она што треба да му биде свето на кој било политичар, а тоа се животите на луѓето и судбината на човештвото“, рече Зиадин Села, АА.

„За ВМРО-ДПМНЕ од суштинско значење е почитувањето на нормите на меѓународното право кое ги вклучува суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина“, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Војните и воената агресија мора да се препуштат на минатиот век, затоа ја осудуваме секоја акција на Русија што го крши територијалниот суверенитет на Украина“, рекоа од БЕСА.

„Овие напади говорат за нов свет во кој не се почитува ниту меѓународното право, ниту територијалниот суверенитет, ниту неповредливоста на границите“, наведе Африм Гаши, Алтернатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button