ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И преминот кај Дојран затворен од грчка страна


Откако изутринава беше соопштено дека граничниот премин „Меџитлија“ – „Ники“ е затворен за сообраќај до 4 август, од МВР соопштија дека од денеска затворен за сообраќај е и преминот кај Дојран.

Како што се наведува во соопштенисто:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „ Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,, Дојрани“ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button