Иако беше воведено онлајн поднесување за странски државјани, истото во моментов не функционира
Иако беше воведено онлајн поднесување за странски државјани, истото во моментов не функционира

Во исчекување на иселениците кои планирале да го поминат својот одмор во Македонија, онлајн системот за пријавување каде ќе престојуваат во моментов не функционира. Министерството за внатрешни работи најавува дека системот во моментов се сервисира. Поради оваа причина, пријавата треба да се поднесе во полициски станици.
„Во моментов не е во функција бидејќи е во фаза на изработка нов систем (концепт) за софтверско решавање на овој вид услуга. Така што пријавувањето на странски државјани односно нивниот престој и натаму се одвива преку месно надлежните полициски станици (кога станува збор за туристички престој)”, велат од МВР.
Освен што треба да покажат доказ за престој, има и иселеници кои имаат македонски документи, кои ќе треба да ги променат, но немаат многу време за тоа. Министерството за внатрешни работи уверува дека во моментов нема долги чекања.
„Бидејќи Кол центарот работи непречено со капацитетите со кои што располага во моментов веќе ги задоволува сите барања на граѓаните (без гужви, застои и пролонгирање на време) така што електронското закажување граѓаните ретко го користат. Инаку личните документи се издаваат стриктно во законски пропишаните рокови„, велат од МВР.
Според законот, правните лица кои обезбедуваат сместување на странци со надомест се должни да го пријават тоа во Министерството за внатрешни работи во рок од 12 часа. Додека другите лица кај кои престојуваат странци се должни да го пријават тоа во рок од 48 часа, во најблиската полициска станица. Според Законот за странци, државјаните на трети земји со кои Северна Македонија има или нема дипломатски односи се должни да ја пријават својата привремена адреса и контакт лице во рок од 48 часа, доколку не го напуштат своето место на живеење порано од 48 часа од влегувањето во Северна Македонија./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу