ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иако големи инвестиции, надвозниците во главниот град никако да профункцуинираат

Иако големи инвестиции, надвозниците во главниот град никако да профункцуинираат

Инвестирањето во овие надвозници или мостови во градот Скопје, според граѓаните е погрешно. Во последно време ниту се одржуваат, ниту пак ги користат граѓаните, единствена служат за поставување реклами.

Advertisements

Овој надвозник по четири години изградба беше пуштен во употреба во 2006 година, додека изградбата на овој мост ја чинеше општина Карпош околу 900 илјади евра.

„Голема, но погрешна инвестиција, никој не го користи мостот, горе има продавници, но кој е тој старец што ќе се качи горе во продавница да купи млеко или јогурт”, рече еден граѓанин.

„Некои се добри инвестиции, а некои не, во овој случај овој мост за мене е лоша инвестиција, долго време не се користи“, доаде друг граѓанин.

Слична е состојбата и со надвозникот на Бит Пазар, мостот се користи само за рекламирање.

„Овој мост не е правилно направен, да беше во ред се ќе дојдеше на свое место. Ова треба да биде и за болниот и за лицата со посебни потреби и тука нечистотијата ве задушува“, рече еден граѓанин.

„Полесно ни е да поминеме овде, никој не оди таму, што да правиме“, нагласи друг граѓанин.

„Вратата беше заклучена, не можев да влезам“, рече еден граѓанин./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button