ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иако негираат дека постои било каков договор за локалните избори, манифестацијата по повод 2 Мај во Слупчане ги обедини Али Ахмети и Арбен Таравари

Иако негираат дека постои било каков договор за локалните избори, манифестацијата по повод 2 Мај во Слупчане ги обедини Али Ахмети и Арбен Таравари

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, заедно присуствуваа на одбележувањето на 2 Мај во Слупчане – денот кога Карадак беше прогласен за слободна зона. Првото присуство на Таравари на оваа традиционална манифестација доаѓа по бројните изјави за можен сојуз меѓу Алијанса (која се одвои од ВЛЕН) и ДУИ за локалните избори. По пристигнувањето на манифестацијата, Ахмети и Таравари се поздравија со ракување и седнаа на своите места.
Претходно истиот ден, лидерот на ДУИ, Ахмети, изјави дека нема финални разговори меѓу ДУИ и Алијансата на Таравари во врска со локалните избори.

Advertisements

Сè уште нема финални разговори. ДУИ сè уште не ги свикала раководните органи на партијата. Мислам дека во текот на неделата ќе бидат повикани највисоките органи на партијата за да се разгледа целата ситуација.

“Секако дека го цениме храбриот чекор на г. Таравари, кој одамна сфатил дека оваа Влада не е ништо повеќе од антиалбанска Влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа“, рече Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Ова беше второ ракување помеѓу Ахмети и Таравари во краток временски период. Случајно или не, двајцата се ракуваа и при една претходна средба со претседателот на Албанија во Скопје. Овие потези следуваат по отворените изјави на Таравари дека има комуникациски канали со Ахмети, што на крајот доведе и до неговото дистанцирање од коалицијата ВЛЕН./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button