МАКЕДОНИЈА

Иако „Синофарм“ не е одобрена од ЕМА, вакцината е сосема безбедна и ефикасна, вели Филипче

Иако засега нема најави дека вакцината на кинескиот производител „Синофарм“, ќе се одобрува од европската агенција за лекови (ЕМА), тоа не е показател за нејзиниот квалитет или безбедност, вели министерот за здравство, Венко Филипче во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат. Како што кажа тој, некои од производителите не аплицираат во ЕМА бидејќи безбедноста и ефикасноста на нивните вакцини ги испитуваат во други контролни лаборатории.

Advertisements

„Ние немаме најава дека кинескиот производител ‘Синофарм’ воопшто ќе аплицира во ЕМА. Тоа не значи дека вакцината не е квалитетна. Ги следиме студиите во коишто ефикасноста е исклучително висока и тоа за нас е сосема доволно“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button