ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Иако состојбата со ковид сега е мирна, мора да бидеме одговорни, порачува докторката Стевановиќ

Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот таа е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32 695 случаи на инфекција со коронавирус. Иако е далеку од нас, директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ, вели дека во изминативе години научивме дека ковид-19 не е болест што лесно може да се предвиди и од таа причина мора да се почитуваат мерките за заштита како и претходно.
„Без разлика што бројките не се такви какви што беа, не смееме да си дозволиме да не се заштитиме. Не е поентата да се плашиме и да паничиме, туку да се грижиме и да бидеме одговорни“, порачува докторката Стевановиќ во изјава за МИА.