Идеаторот на балансерот не предвидел дека Македонци може да се декларираат како Албанци и да се вработуваат

Манипулациите со софтверот за балансирање на вработувањето преку Македонци кои се изјаснуваат како Албанци, основачите на оваа методологија која функционира 4 години, не ги предвиделе. Неговиот творец, Јахи Јахиу, како поранешен секретар во Министерството за администрација, бара итно да се прегледа функционалноста на балансерот за да се направат потребните измени.
„Целта на методологијата на балансерот беше добра во смисла на зголемување на соодветната застапеност, за прв пат со правила – не со принципи. Никогаш не го земавме во предвид фактот дека може да се појави некој од друга етничка заедница. Не постои совршен закон што би ги затворил овие дупки на злоупотреба доколку нема волја…“
За да се направат измени во методологијата на балансерот, мора да има поддршка од три министерства. Министерството за политички систем, за финансии и информатичко општество-администрација, сите под управа на кадри на ДУИ.
Но, измените и дополнувањата на Законот за државни службеници ќе доцнат со месеци, а вработувањата со етничка дискриминација не запираат. Ова е една од причините зошто образовани млади луѓе бегаат во странство, велат од невладините организации.
Според нивните податоци, одливот на мозоци во странство се случува од повеќе причини, односно за да најдат работа, незадоволни се од политичката ситуација, а останатите заминуваат во потрага по подобар живот. Ова здружение пресметало дека државата ја чини близу 24 илјади евра за школување на еден млад човек, кој потоа заминува во странство.
Adnan Qaili