ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Идејата за ветинг во ДУИ наиде на потсмев кај граѓаните

Идејата за ветинг во ДУИ наиде на потсмев кај граѓаните

Иницијативата на ДУИ за ветинг и реформи во партијата предизвика револт и потсмев во јавноста. Многу аналитичари и граѓани на социјалните мрежи метафорично ја исмеваа оваа иницијатива.
„Ако имате за цел да растете како личност и да бидете искрени со себе, направете си ветинг“. Ако ви треба момент на славење и самопочит, направете Бајрам, но не користете го за да ја избегнете реалноста“, напиша аналитичарот Бесим Небиу.

Advertisements

Рекоа дека ќе направат ветинг“, напиша поранешниот министер Сулејман Рушити, објавувајќи и фотографија.

ДУИ по втор пат ќе прави ветинг и сите повторно ќе излезат „чисти како солза“, исто како Груби, напиша поранешниот министер, Џевдет Хајредини.

„Сакаа да ми прават ветинг, но кога ја видоа сумата на заемот ми рекоа „да ја оставиме целата оваа работа. Ако се направи ветинг, ќе му ја одземат вилата на директорот во заливот Лерца“, иронично изјави актерот, Хасим Мемиши Сопи.

„Комисија за ветинг во ДУИ: Муса Џафери, Садула Дураки, Рамиз Мерко, Блерим Беџети. Надворешни членови, Зијадин Села и Артан Груби“, напиша извесен граѓанин на Фејсбук профил.

ДУИ вчера соопшти дека членовите на партиското раководство со потпишувањето на кодексот за добра практика и интегритет на ДУИ, прават значаен чекор кон зголемување на транспарентноста и интегритетот./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button