Идната недела извештај за скандалот во „Жан Митрев“
Идната недела извештај за скандалот во „Жан Митрев“

Следната недела се очекува да биде комплетиран комисискиот извештај за употребата на хемофилтрација како метод за лекување на пациенти со Ковид-19 на Клиниката „Жан Митрев“. Министерот за здравство Беким Сали во емисијата „360 степени“ на Алсат, рече дека сите наоди и сознанија ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.
„Оправдувањето дека имало индикации или има и контраиндикации или тоа е начин кој предизвикал смрт на многу пациенти. Тоа треба да биде наша професионална проценка. Извештајот мора да биде објавен во целост, секако во рамките на надлежностите на Министерството за здравство за сè што се случуваше според нашите инспекции“, рече Беким Сали, Министер за здравство.
Готов е и извештајот на Комисијата за интрахоспитални инфекции и три други комисии. Но, нивното објавување ќе биде збирно.
„Очекувам во текот на следната недела да биде завршен конечниот извештај. Се надевам дека ќе немам причина да го одложувам процесот бидејќи јавноста чека, чека обвинителството, а ние како министерство мора да ја исполниме нашата обврска кон институциите и јавноста во врска со случајот Жан Митрев“, додаде тој.
Сторијата за спорната хемофилтрација ја објави истражната мрежа ИРЛ. Јавното обвинителство и извештаите на Министерството за здравство треба да утврдат дали хемофилтрацијата била овластена метода или дали Клиниката „Жан Митрев“, како што тврди ИРЛ, спроведувала студија за здравјето на пациентите заразени со Ковид-19. На сопственикот на клиниката, докторот Митрев, судот му одреди мерки на претпазливост и му го одзема пасошот./Аlsat.mk
Адријан Керими