СПОРТ

Ига Швјонтек, моќно во мечот за трофејот во Канкун

Ига Швјонтек не ѝ остави простор за надеж на Џесика Пегула и убедливо го доби финалето на завршниот Мастерс во Канкун со 2-0 (6-1, 6-0). Полската претставничка одигра навистина моќно во мечот за трофејот, но и на целиот турнир, па сосема заслужено го освои истиот. По израмнетиот старт и единствениот освоен гем на Американката, следеше првиот брејк во четвртиот гем. Оттогаш Швјонтек го реши првиот сет со 6-1, додека во вториот не ѝ дозволи ниту еден гем на ривалката и со експресни 6-0 дојде до победата по точно еден час игра.

Advertisements

Со оваа победа Швјонтек се врати на водечкото место на ВТА рангирањето. Пољачката го загуби ова место пред два месеци, но сепак успеа на време да го врати и годината ќе ја заврши како светски рекет број еден.

Ова беше шестиот трофеј годинава за Швјонтек, додека вкупно 17. во кариерата, а прв на финалниот турнир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button